Мицкоски за уставните измени: Ние не сме Бујар Османи, Маричиќ, ниту Ковачевски за да бидеме лековерни, ќе чекаме сигнал за да одиме чекор напред

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Предлогот уставните измени да имаат одложено дејство за внесување на Бугарите во Уставот премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема да го предаде сè додека јасно не ја види целта. Да се предаде предлогот во овој момент, кога сè уште Бугарија нема влада, Мицкоски смета дека е наивно оти таков унилатерален потег би значел целосно загрозување на и онака загрозените односи поради авантурите на претходната влада.


„Се разбира дека треба да се добие каков било сигнал за да можеме да одиме чекор напред, сигурно нема да влеземе во каква било авантура. Ние можевме многу порано тоа да го направиме ако бевме почетници во оваа работа. Ние не сме Бујар Османи, ниту Маричиќ ниту Ковачевски за да бидеме лековерни и наивни и да веруваме на интересите на трети страни. Наш интерес се македонските граѓани, државата,  евроинтегративните процеси и тука стоиме во првата линија“, рече премиерот Мицкоски.

Договорот за уставни измени и внесување на Бугарите во Уставот Мицкоски ги нарече егзебиција на Османи, Маричиќ и Ковачевски која ќе не следи цело време, како факт, но уверува дека додека не ја види целта нема да прави потези.

„Се додека немаме јасно видлив крај, ние немаме намера ниту еден потег да правиме. Ние има јасна стратегија. Нашата прва фаза беше од позицијата ‘тоа е тоа на маса’ до позиција ‘дајте да бараме решение’. Втората фаза е да имаме политичка влада кај нашиот источен сосед која што ќе може да земе и политичка одговорност“, вели премиерот Мицкоски.

Тој денес на поставувањето камен-темелник за нова градинка во Стопански Двор, Општина Ѓорче Петров уште еднаш потсети дека во 2018 година граѓаните со менувањето на името направија жртва каква што нема направено ниту еден народ и ниту една држава, членка на Европската Унија, но место членство , се уште се зборува за почнување преговори. Повика на обединување околу ова прашање оти „ќе бараат меко ткиво за тука да не пресечат“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK