Фото/macedoniahandball.com.mk
Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров го скрати списокот за натпреварите со Естонија и Литванија, со кои националниот тим ќе ги започне квалификациите за пласман на Европското првенство.
Од поширокиот список кој беше објавен минатата недела отпаднаа искусните Филип Талески и голманот Никола Митревски. Талески за разлика од Митревски го нема ниту на списокот на резерви.
На главиот спискот од 20 ракометари со исклучок на голманот Мартин Томовски, сите останати играат во домашните клубови: Алкалоид, Еурофарм Пелистер и Вардар 1961.
Македонија на 6. ноември квалификацискиот циклус ќе го отовори против Естонија во Скопје, а четири дена подоцна ќе гостува во Литванија.