Американскиот претседател Џозеф Бајден реагирајќи на митингот на републиканскиот претседателски кандидат во њујоршкиот Медисон Сквер Гарден, кој, како што оценуваат американските медиуми, беше обележан со вулгарна и расистичка реторика, ги критикуваше поддржувачите на Доналд Трамп.
„Пред некој ден, еден говорник на митингот на Трамп го нарече Порторико лебдечки остров на ѓубре. Познавам Порториканци во мојата родна држава Делавер и тие се добри и чесни луѓе“, рече Бајден во разговор со претставниците на шпанско- Американската организација за анимација на гласачите Voto Latino, пренесува АП.
Американскиот претседател потоа додаде дека поддржувачите на Трамп се единственото ѓубре што го гледа, а демонизирањето на Латиноамериканците од страна на Трамп го оцени како „непростливо и неамериканско“.