Легендарната актерка Тери Гар, која беше номинирана за Оскар за улогата во „Тутси“, почина на 79-годишна возраст.
Таа е позната и по нејзините улоги во филмовите „Млад Франкенштајн“, „Блиски средби од трет вид“ и како мајка на Фиби во легендарниот ситком „Пријатели“.
Актерката почина во Лос Анџелес по долга борба со мултиплекс склероза.
Ѕвездата во 2002 година откри дека има хронична болест која ѝ го оштетува централниот нервен систем. Години подоцна, таа доживеа руптура на аневризма во 2006 година.
Таа зад себе има 160 улоги, глумејќи во влијателни телевизиски емисии и филмови од 1970-тите до 1990-тите, и беше влијателен изведувач за многумина, вклучувајќи ја и легендата на SNL, Тина Феј.
Врвот на нејзината кариера дојде во 1983 година кога беше номинирана за најдобра споредна женска улога како Сенди Лестер во „Тутси“.
Таа на крајот изгуби од Џесика Ланг која глумеше во истиот филм.
Нејзината најпозната телевизиска улога дојде кога ја играше Фиби Абот во три епизоди на легендарниот ситком „Пријатели“ од 1997 до 1998 година.