Повеќе од 2.700 словачки лекари дале отказ поради проблеми во јавното здравство

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Над 2.700 лекари во Словачка денеска дадоа отказ, барајќи од министерот за здравство Камил Шашак да го запре процесот на трансформација на државните болници во акционерски друштва, соопшти Синдикалното здружение на лекари ЛОЗ.


Според словачкиот портал Та3, синдикатот е свесен за проблемот со консолидација на јавните финансии, но кај медицинските работници, особено кај лекарите, се зголемува загриженоста за можното намалување на платите.

Претседателот на ЛОЗ Петер Висолајски за медиумите изјави дека ова не е првпат лекарите да поднесуваат масовни оставки и дека се надева дека „владата ќе се разуми и ќе почне да ги решава работите во корист на пациентите“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK