СДС е распадната структура, коридорите и беа маска за полнење на сопствените џебови, велат од ВМРО-ДПМНЕ

VMRO-DPMNE-sedishte-800x533.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во СДС се далеку од реалноста и се дезориентирани. Политичката сцена бара сериозност и одговорност, а СДС наметнува реторика без суштина, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по пресот на Благој Бочварски.


СДС, според оваа партија, е само распадната структура која нема кредибилитет, компетентност, ниту има слух за проблемите на граѓаните и нивно решавање.

ВМРО ДПМНЕ, како што додаваат, не игра на карта на тврдоглавост, туку работи во интерес на граѓаните.

„ВМРО – ДПМНЕ никогаш не е против коридорите, планот е јасен, коридорите се неопходни за поврзување и развој на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ не е против реализирање на проекти. За ВМРО-ДПМНЕ е клучен начинот на реализирање на проектите.

ВМРО – ДПМНЕ со домаќинското работење покажа дека всушност коридорите може да се реализираат со намалување на средствата. Со коридорите Македонија ќе има значајна улога во транспортната и енергетската инфраструктура на европската мапа.

СДС е поим за најнеодговорна партија и партија која се грижи само за корупција и за сопствените интереси.

СДС на 8 мај доби црвен картон од граѓаните и време е да ја научи лекцијата“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK