Претседателот на Литванија го повикува НАТО да и дозволи на Украина да нападне руска територија

677z381_Predsednik-Litvanije-Gitanas-Nauseda.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Литванскиот претседател Гитанас Науседа денеска го повика НАТО да одговори на помошта на Северна Кореја во руската војна против Украина и да му обезбеди на Киев се што му е потребно за да победи. Вклучувајќи дозвола за удари на територијата на Русија со западно оружје. „Севернокорејските трупи и помагаат на Русија во војната против Украина.


НАТО треба да одговори со обезбедување на Украина со се што е потребно за победа: ракети со долг дострел, дозвола за напад на воени објекти во Русија, зголемување на воената помош“, напиша Наузеда на платформата Икс. Според него, „неодлучноста води кон ескалација, а не обратно“. Генералниот секретар на НАТО Марк Руте во понеделникот го потврди присуството на севернокорејски трупи во Русија и нивното распоредување во регионот Курск за учество во војната против Украина.

Американското Министерство за одбрана има податоци за трансферот на околу 10.000 војници од Северна Кореја во Русија на обука, како и за учеството во војната на Руската Федерација против Украина. Претседателот Володимир Зеленски изјави дека на страната на Русија веќе се борат 3.000 севернокорејски војници, а наскоро, како што наведе, нивниот број ќе се зголеми на 12.000, пренесува Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK