Пожарот во хотелот во Берово зафати 200 квадрати – летната тераса е пеплосана, а најверојатно огнот се раширил од скарата

99-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Скарата на ќумур најверојатно го предизвикала пожарот што синоќа го зафати хотелскиот комплекс „Манастир“ во Берово.


Kомандирот на противпожарната бригада, Сашо Руменовски, вели дека пожарот зафатил околу 200 квадратни метри, вклучувајќи ги летната тераса и објектот до хотелот, а пожарникарите спречија огнот да ги зафати и собите.

Руменовски за „Макфакс“ информираше дека штетата дополнително ќе се утврдува и ќе биде соопштена од одговорните служби.

„Дирекцијата за заштита и спасување има инспектори за пожарство и тие треба да направат увид“ вели Руменовски и додава дека моментално нема екипи на терен, откако и утрово пожарникарите дежураа пред објектот.

На терен интервенираа 15 пожарникари и 4 противпожарни возила, а дополнително беше побарана помош во пожарникари и возила од ТППЕ Виница, Кочани Струмица и Доброволно друштво Пехчево.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK