Манчестер јунајтед го отпушти Ерик тен Хаг

skysports-ten-hag-man-utd_6708702.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалскиот клуб Манчестер јунајтед го отпушти тренерот Ерик тен Хаг по вчерашниот пораз од Вест Хем (2:1).


Иако долго се инсистираше дека Холанѓанецот има поддршка од управата, по поразот во Лондон челниците го загубија трпението.

Јунајтед по девет рунди е 14. на табелата, веќе забележа четири порази во Премиер лигата, а не му оди добро ниту во Лига Европа, во трите кола три пати одигра нерешено.

Тен Хаг не успеа да направи исчекор со „црвените ѓаволи“ и покрај тоа што доби големи пари за засилувања.

Во првата сезона на Холанѓанецот за засилувања беа потрошени 243.280.000 евра. Уште 202.300.000 во втората, а ова лето клубот во нови играчи вложи 214.500.000. Кога овие бројки ќе се собеарт се доаѓа до сума од 660.080.000 евра.

Холанѓанецот на „Олд Трафорд“ пристигна на 21 април 2022 година и потоа потпиша договор до 2025 година, со можност за продолжување на уште една година.

На Тен Хаг и покрај лошите резултати му беа дадени повеќе шанси, многу повеќе од другите тренери пред него. Сепак, капката што ја прели чашата беше поразот (2:1) од Вест Хем во Лондон викендов.

За време на неговиот мандат, тој успеа да освои два трофеи: Лига купот во 2023 година и ФА Купот во 2024 година.

Руд ван Нистелрој ќе го преземе тимот како привремено решение и ќе работи со сегашниот стручен штаб до изборот на новиот тренер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK