Се одржа третото издание на Digiton Conference: Најголемата регионална конференција за Microsoft бизнис технологии

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На 22 и 23 октомври, во организација на Axapta Masters и Axapta Learning Center се одржа третото издание на најголемата домашна конференција за Microsoft бизнис технологии, Digiton Conference. Под истото мото како минатогодишните изданија „The Future is Digital“, учесниците имаа можност да ги слушнат сите новости во областа на Microsoft бизнис технологиите презентирани од светски познати предавачи, меѓу кои и Microsoft MVP-а, Microsoft FastTrack архитекти како и домашни и регионални експерти во индустријата.

Со проучување на најновите трендови и иновации во индустријата, како и со размена на искуства и знаења преку дискусии, учесниците на Digiton Conference добија детална претстава за влијанието и можностите што ги нудат бизнис технологиите на Microsoft.


Како за крај на првиот ден, беше одржана Keynote сесија од страна на Љупчо Георгиевски, директор на Microsoft Македонија и Косово, Ненад Сљивиќ, менаџер за развој на Microsoft, и Бојан Димитриевски, оперативен директор на Axapta Masters.
Тие дадоа целосен осврт на моменталните случувања и новости во светот на Microsoft, како и се поголемата експанзија на вештачката интелигенција во техничките сфери на индустријата.

Вториот ден од конференцијата беше поделен на бизнис и технички дел. Предавањата се одржаа во три конференциски сали наизменично, што е доказ за растот на заинтересираноста за конференцијата која е поголема од година во година.

Третото издание на Digiton Conference се покажа како одлична можност за над 300 учесници да ги прошират своите видици и да воспостават директен контакт со врвни експерти и професионалци во областа на Microsoft бизнис технологиите. Со значајниот интерес и учество на домашни и меѓународни експерти, како и на компании и клиенти од различни сектори, конференцијата уште еднаш покажа дека е најважен и најголем настан во државата за Microsoft бизнис технологии, каде што се разменуваат идеи, знаења и искуства.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK