Роберт де Ниро и Леонардо ди Каприо ја поддржаа Камала Харис на митингот во Филаделфија

kamala-haris.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Актерите Роберт де Ниро и Леонардо ди Каприо беа меѓу холивудските ѕвезди кои на митинг во Филаделфија ја поддржаа кандидатката за претседател на Демократската партија Камала Харис.


Обраќајќи им се на присутните, Роберт де Ниро ја нагласи важноста на секој глас и ги повика гласачите да не стојат настрана, објави Си-Би-Ес Њуз.

 

Де Ниро отворено го изрази своето незадоволство од републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, користејќи остар јазик.

Тој ги повика гласачите активно да водат кампања и да ги мотивираат своите сограѓани во Филаделфија да имаат одговорен пристап кон изборите.

Леонардо ди Каприо се осврна на ставот на Камала Харис за климатските промени, нагласувајќи ја важноста на администрацијата што ја прифаќа науката.

– Ќе имаме ли администрација која не ги негира научните факти и која верува во ставот на 99 отсто од научната заедница за климатската криза предизвикана од човечки фактори? Изборот не може да биде поочигледен, а тој избор е потпретседателката Камала Харис – изјави Ди Каприо.

Градоначалничката на Филаделфија Шерел Паркер, која го организираше настанот заедно со локалните лидери, рече дека „патот до Белата куќа минува низ Филаделфија“, нагласувајќи ја клучната улога на Пенсилванија на изборите во 2024 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK