На 30 октомври, Јавна трибина за женското здравје

464623808_521474027475517_4805126601586994791_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

            Општина Гевгелија и Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Советот на Општина Гевгелија, во соработка со ЈЗУ Општа болница со проширена дејност- Гевгелија, ПЗУ „Д-р Никова“- Гевгелија и ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, организираат Јавна трибина за Месецот на женското здравје- Розов октомври: „Биди свесна, проверувај редовно“. Трибината ќе се одржи на 30 октомври 2024 година, во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 19:00 часот.

            За карциномот на дојка и женските репродуктивни органи, како и менталното здравје на жените при соочување со болеста ќе излагаат: д-р специјалист рендгенолог, Нако Поп-Ристов; д-р специјалист хирург, Зоран Димитров; д-р специјалист гинеколог, Петранка Никова и м-р по психолошки науки, Розита Андонова.


            По тој повод, Општина Гевгелија и КЕМ ги повикуваат сите жени да присуствуваат на Јавната трибина за одбележување на Месецот на женското здравје- Розов октомври, со цел подигање на јавната свест за женското здравје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK