Голем пожар доцна вечерва избувна во хотелскиот комплекс „Манастир“ во Берово. Како што објавија вечерва на социјалните прежи пожарникарите од Струмица, причинета е голема материјална штета, но нема повредени гости, ниту персонал, кои биле навремено евакуирани.
ТППЕ Струмица веднаш после добиеното барање за помош во гаснењето на пожарот, испрати противпожарно возило и 5 пожарникари-спасители.