ГЕРБ на Бојко Борисов е во водство на изборите во Бугарија

bojko-borisov.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Победник на најновите предвремени парламентарни избори е партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов – ГЕРБ со 26,4 отсто, покажуваат првите излезни анкети. Според излезните анкети на агенцијата Алфа рисрч, партијата на Борисов освоила 26, 4 отсто од гласовите или 74 мандати. За да се формира влада во Бугарија се потреби 121 пратеник.


Според податоците на агенцијата Алфа рисрч, на второ место е коалицијата Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија со 14,9 отсто од гласовите, а по неа е Препород со 12,9 гласови.

Во парламентот влегува и ДПС – Нов почеток со 8,9 отсто, потоа Алијансата за права и слободи со 8,7 отсто, БСП-Обединета левица со 7,8 отсто од гласовите и Има таков народ со 6,2 отсто од гласовите, покажуваат излезните анкети.

Овие резултати на излезните анкети не ги содржат гласовите од дијаспората, па можни промени на бројките.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK