Клубот жестоко го казни бразилскиот фудбалски рекордер

rafs.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалскиот клуб Кризеиро ќе го казни својот играч Рафа Силва (32) затоа што заработи црвен картон во 3. секунда од натпреварот против Атлетико Минеиро.


Тоа беше и најбрзото исклучување за играч во историјата на бразилскиот фудбал, па оттука Рафа Силва го држи рекордот, а тешко дека некој некогаш ќе го надмине, но најмалку размислува за тоа по неговата непромислена постапка.

По натпреварот во кој Кризеиро, кои беа побројни во текот на целиот натпревар, беа поразени со 0-3, клубот од Бело Хоризонте излезе со соопштение во кое ги информираше навивачите и јавноста дека жестоко ќе го казнат Силва за испадот кој го обиколи светот.

Претходно се огласи и извршниот директор на Кризеиро, Алехандрe Матос, кој најави санкции за рекордерот на бразилскиот, а најверојатно и светски фудбал.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK