Вчера во полицијата било пријавено дека на улица „Гоце Делчев“ во Неготино, автомобил управуван од М.Ќ.(68) од Неготино, удрил во 77-годишната Л.М. од Скопје.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.М., констатирани во болницата во Велес“, информираа од МВР.
По овластување на јавен обвинител од Кавадарци, увид извршила увидна екипа од ОВР Неготино.