Автомобил излета од патот кај Чашка, меѓу повредените и дете

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Синоќа на регионалниот пат село Теово-село Согле, општина Чашка, автомобил „фолксваген поло“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од С.С.(31) од селото Пешталево, општина Долнени, излетало надвор од коловозот.



Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила малолетната сопатничка, констатирани во болницата во Прилеп.

По овластување на јавен обвинител од Велес, увид на местото извршила увидна екипа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK