(Видео) Принцот Вилијам јавно го спомна својот брат Хари за првпат по шест години

vilijam-hari.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Документарен филм во два дела насловен „Принц Вилијам: Можеме да ставиме крај на бездомништвото“ ќе биде прикажан на британската ИТВ за неколку дена. Деновиве се објавени неколку кратки клипови, а во еден Вилијам го споменува својот брат Хари.


Многумина беа изненадени што принцот го спомна братот со кој не е во добри односи. Тоа е првпат јавно да го каже неговото име во последните шест години, од заедничко учество на Форумот на Кралската фондација во 2018 година.

Вилијам се присети на моментот кога неговата покојна мајка принцезата Дијана првпат го однела во добротворната организација за бездомници „Пасаж“.

„Мајка ми ме однесе во ‘Пасаж’. Всушност, таа не’ однесе мене и Хари таму. Мислам дека тогаш имав 11 или можеби 10 години. Никогаш порано не сум бил на такво место, па бев малку загрижен, не знаев што ме чека таму“, рече Вилијам.

Принцот ги раскажа деталите за тоа што се случило тој ден.

„Мајка ми го правеше своето вообичаено, се смешкаше и се шегуваше со сите. Се сеќавам дека мислев: „Па, ако сите немаат дом, сите ќе бидат навистина тажни“. Но, беше неверојатно колку е среќно опкружувањето. Се сеќавам на добрите разговори, играњето шах, и тогаш се сетив дека постојат други луѓе кои немаат ист живот како мојот“, изјави Вилијам.

Браќата неодамна присуствуваа на погребот на деверот на нивната мајка, лордот Роберт Фелоус. Тие седеа одделно во задниот дел на црквата и не зборуваа. Долго време не се блиски, а британските медиуми пренесуваат дека не разговарале речиси две години.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK