„Дождливиот човек“ Бањаја победи на трката во Тајланд

Bagnaia-Selesai-sprint-race-MotoGP-Thailand-2024.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Актуелниот шампион Франческо Бањаја на Дукати победи на трката за Големата награда на Тајланд. Втор трката ја заврши лидерот во генерланиот пласман Хорхе Мартин (Прамак Дукати), а место на подиумот обезбеди и Педро Акоста (ГасГас КТМ). Во пресрет на последните две трки во сезоната Мартин на врвот има 17 поени повеќе од Бањаја.


Во Бурирам, Пеко Бањаја ја забележа деветтата победа сезонава, со која му возврати на Хорхе Мартин за влерашниот триумф во спринт трката.

Траката се возеше во тешки услови, патеката беше натопена со вода, а на стартото најдобро се снајде Мартин кој од третото се проби на првото место пред Бањаја и Маркез.

Шпанецот водеше пет круга кога направи грешка, излезе од патеката, а откако се врати во трката пред него беа Бањаја и Марк Маркез.

Маркез се обиде да го мине идниот тимски колега Бањаја, првиот обид му беше неуспешен, а вториот на девет круга д крајот заврши со негов пад.

До крајот Бањаја рутински ја извозе трката, а исто тоа го направи и Матин, кој откако дојде до второто место возеше без ризик.

Дебитантот Акоста, на стартот дојде до четвртото место, во вториот круг излезе од патеката се врати на осмото место, а откако во претпоследниот круг мина пред Џек Милер и дојде до третата позиција.

Милер на крајот остана и без четвртото кое му припадна на возачот на ВР 46 тимот, Фабио Диџанантонио.

Следната трка, претпоследна во сезоната ќе се вози наредната недела во Малезија.

.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK