Се чини дека израелските напади и’ предизвикале сериозна штета на иранската војска, покажуваат некои проценки

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американски истражувач рече дека израелскиот воздушен напад погодил зграда која била дел од згасната програма за развој на нуклеарно оружје на Иран, а тој и друг истражувач изјавиле дека биле погодени и објекти што се користат за мешање на цврсто ракетно гориво.



Проценките врз основа на сателитски снимки беа направени одделно од поранешниот инспектор за оружје на ОН Дејвид Олбрајт и истражувачкиот аналитичар во вашингтонската тинк-тенк „Си-ен-еј“, Декер Евелет.

„Ројтерс“ објави дека Израел погодил згради во Парчин, огромен воен комплекс во близина на Техеран, како и Хоџир, голем капацитет за производство на ракети во близина на Техеран.

„Ројтерс“ во јули објави дека Хоџир значително се шири. Евелет рече дека е можно израелските напади „значително да ја компромитираат способноста на Иран за масовно производство на ракети“.

Олбрајт изјави за Ројтерс дека сателитските снимки на Парчин покажале дека Израел оштетил три згради, вклучително и две каде се мешало цврсто гориво за балистички ракети.

Евелет рече дека снимката на Парчин од комерцијалната сателитска компанија Планет Лабс покажала дека Израел уништил три згради за мешање и складирање гориво за цврсти балистички ракети во големиот комплекс.

Снимката од Планет Лабс, исто така, покажа дека израелскиот напад уништил две згради во комплексот Хоџир каде што се мешало цврсто гориво за балистички ракети, рече тој.

Според него, со ограничената операција, Израел можеби значително ја загрозил способноста на Иран за масовно производство на ракети и го отежнал пробивањето во ракетната одбрана на Израел во секој иден ирански ракетен напад.

„Изгледа дека нападите се многу прецизни“, додаде.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK