Чави Ернандез од крајот на минатата сезона е без работа. Легендата на Барселона го напушти клубот, а на неговото место дојде Ханси Флик.
Тиражниот каталонски „Спорт“, вечерва одјави дека Чави е главен кандидат да го наследи Ерик Тен Хаг во Манчестер јунајтед.
Изворите за „Спорт“ велат дека неговите менаџери веќе се сретнале со претставници на Манчестер јунајтед, каде двете страни ја претставиле својата визија и имале контруктивни разговори.
Од друга страна „Фихаес“ пренесува дека Чави имал интересно барање во текот на разговорите. Тој би сакал да го види Рафиња од Барселона во Манчестер јунајтед.
Бразилецот пред неколку дена постигна хет-трик во Лигата на шампионите против Баерн Минхен, тој е еден од капитените на Барса и еден од омилените играчи на тренерот Флик.
Според овој извор, Барселона нема да се противи на продажбата на крилниот напаѓач, но само доколку понудата е вредна 100 милиони евра. Доколку и успеат преговорите трансферт би можел да биде реализиран дури наредното лето.