ЕУ повикува на најголема воздржаност по нападот на Израел врз Иран

iran-po-napadot.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Европската унија денеска ги повика сите инволвирани страни да покажат најголема воздржаност за да се избегне неконтролирана ескалација на конфликтот на Блискиот Исток, откако Израел погоди цели во Иран.


„Опасната спирала на напади и одмазда создава ризик да предизвика ново продолжување на регионалниот конфликт“, објави Европската унија.

„Признавајќи го правото на Израел на самоодбрана, ЕУ ги повикува сите инволвирани страни да покажат најголема можна воздржаност со цел да се избегне ескалација надвор од контрола која не е во ничиј интерес.

Иран предупреди дека ќе се брани по последните израелски напади, чии цели, според Израел, биле ракетни фабрики и воени објекти во неколку ирански региони. Иран објави дека загинале двајца војници.

Израел предупреди дека Иран ќе плати „висока цена“ доколку одговори на тие напади, кои пак беа одговор на нападите на Иран врз Израел на 1. октомври.

Европската унија нагласи дека овие напади се случиле во контекст на „сериозни и растечки регионални тензии“.

„ЕУ останува целосно посветена на намалување на тензиите и придонесување за деескалација и, за таа цел, останува во близок контакт со сите релевантни актери“, се заклучува во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK