(Видео) Во Аеродром отворена канцеларија за услуги за граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

​Претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски и градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска го отворија новиот Центар за услуги во Општина Аеродром.



Со тоа ќе биде овозможен пристап до административните услуги на едно место, меѓу кои од  МВР, Катастарот на недвижности, Централен регистар, Фонд за здравство, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Агенцијата за вработување.

Премиерот Мицкоски рече дека ваквите канцеларии кои кога ќе се отворат на целата територија на државата, тогаш ќе може да се зборува дека во Македонија има реална борба против корупција.

„Дигитализирањето, транспарентните услуги, сето ова што се случува ја намалува можност за корупција. Знаете како беше, тоа не така одамна, кога за 500 денара требаше да ви направи некој услуга и да извадите извод од родените. Така од прилика тоа функционираше. Исто така ќе ве потсетам на сите оние гужви и понижувачки моменти за македонските граѓани, кога мораше да вадат патни исправи, лични карти, возачки дозволи, сето тоа. Сега сето тоа е минато за многу кратко време, за 4 месеца, успеавме сето тоа да го сведеме во рамките на законскиот рок“, рече Мицкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK