Успешно деветмесечје за НЛБ Банка Раст на кредитите и депозитите, зголемена нето добивка и силен придонес во заедницата

NLB
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Скопје, 24.10.2024 – НЛБ Банка успешно ги заокружи деветте месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати на Банката за периодот од 01.01.2024 до 30.09.2024 година. НЛБ Банка оствари нето – добивка во износ од 44.178 илјади евра, што претставува зголемување за 11,6 % во однос на остварената нето – добивка истиот период претходната година, како и раст на кредитите од 6,9 % и раст на депозитите од 8,1 % споредено со истиот период претходната година.

Позитивните деловни перформанси на Банката се должат на континуираните продажни активности на кредитните продукти со посебен фокус на домаќинствата, микро, малите и средни претпријатија, зголемен број на корисници на платните сервиси, како и позитивните трендови на финансиските пазари. Воедно, успешното работење на Банката е и резултат на внимателно управување со ризиците, оперативната ефикасност, како и постојаната посветеност за подобрување на корисничкото искуство и искористување на можностите за понатамошен раст.


Во деветте месеци од годинава, НЛБ Банка реализираше и поддржа низа општетствено одговорни проекти и активности од областа на спортот, културата и традицијата, образованието и финансиската едукација, помош при катастрофи и поддршка на ранливи и маргинализирани групи.

Во споменатиот период започна втората сезона на проектот за развој на младински спорт „Растеме во шампиони“, а Банката и годинава застана зад годишната програма на „Специјалната Олимпијада“, но и зад многу професионални спортски клубови и федерации. Традиционално, НЛБ Банка ги поддржа Галичка свадба, Охридско лето, Скопскиот џез фестивал и низа други проекти значајни за заедницата.

НЛБ Банка продолжува и натаму да биде поддршка на населението и стопанството во земјата. Во фокусот на работењето на Банката остануваат и дигитализацијата, унапредување на дигиталните канали во насока на зголемување на дигиталната пенетрација на клиентите, унапредување на клиентското искуство, проширување на портфолиото на производи и услуги со посебен акцент на „зелените“ продукти, како и општествено одговорни проекти за грижа за своите вработени и заедницата во целост.

 

 

 

 

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK