(Видео) 15-годишен тинејџер со нож уби полицаец во БиХ, испратил чудни пораки пред нападот

Screenshot-2024-10-25-063152.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

15-годишен тинејџер синоќа ја нападнал полициската станица во Босанска Крупа, каде убил еден полицаец, а друг тешко ранил. Нивниот идентитет е познат. Убиениот полицаец е Огњен Маран од Босански Нови, додека ранетиот полицаец е Авдо Хасановиќ од Босанска Крупа, пренесува Кликс.


Истиот медиум пренесува дека напаѓачот пред нападот на полициската станица испратил чудни пораки до познаници, збогувајќи се со нив. Оние кои го познавале наведуваат дека бил склон кон верски екстремизам, пишува Кликс.

Напаѓачот влегол во полициската станица и прво со нож го нападнал Маран, кој веднаш им подлегнал на повредите. Тој потоа го нападнал Хасановиќ, кој се здобил со повреди и веднаш бил пренесен во кантонската болница „Д-р Ирфан Љубљанкиќ“, каде е во стабилна состојба.

„Сторителот на ова страшно злосторство е лишен од слобода. По истрагата ќе можеме да кажеме повеќе за овој настан, како и за мотивот на нападот“, изјави за Дневни аваз, Аднан Бегановиќ, портпарол на МУП на Уна- Кантон Сана.

На улиците на Босанска Крупа веднаш излегоа голем број полицајци. Припадниците на специјалната полиција биле на терен. Босанска Крупа се наоѓа на околу 200 километри северозападно од Сараево.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK