Eдно лице загина во железничката несреќа во Норвешка, има и повредени

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Едно лице загина, а четворица се повредени денеска кога воз излета од шините во северна Норвешка, соопшти полицијата.



Камења паднале врз возот што ги поврзува градовите Трондхајм на запад и Бодо на северот на земјата, по што излетал од шините, изјави полицаецот Арилд Волдмо за норвешката радио и телевизија „НРК“.

Во несреќата едно лице загина, а четири лица се повредени, јави новинската агенција НТБ, повикувајќи се на полициски претставник.

Во моментот на несреќата во возот имало 55 лица и сите биле извлечени од вагонот, додава агенцијата.

Локомотивата и првиот вагон се превртеле на страна. На местото на несреќата се испратени три хеликоптери, а на снимката која ја објавија медиумите се гледаат и бројни возила на брзата помош и пожарникари.

На шините може да се забележат огромни камени блокови кои се откорнале од карпата, а се очекува да пристигнат геолозите за да го утврдат обемот на одронот, пред да го исчистат теренот и да го подигнат возот.

Свлечиштата не се невообичаени во Норвешка, особено на пролет кога снегот се топи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK