Со пригоден настан на ул.Илинденска бр.37, во Куманово, денеска беше отворена канцеларија на Конзулат на Република Србија, со почесен конзул Владимир Стајиќ.
На свеченоста присуствуваа високи државни претставници од двете соседни земји, министерот за односи со заедниците и потпретседател во Влада на РСМ, Иван Стоиљковиќ, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, министерот за спорт, Борко Ристовски, министерот за труд, вработување и социјални прашања во Владата на РС, Немања Старовиќ, амбасадорка на Р Србија во РС Македонија, Н.Е Невена Јовановиќ и претставници од Општина Куманово, предводени од градоначалникот Максим Димитриевски и претседателката на Советот, Ивана Ѓорѓиевска, како и претставници на здруженија на граѓани и невладини организации.
По откривањето на таблата пред Конзулатот и интонирањето на двете државни химни, поздравни говори пред присутните одржаа министрите Старовиќ, Стоиљковиќ и Љутков, градоначалникот Димитриевски и почесниот конзул на Р Србија во РС Македонија, Владимир Стајиќ.
The post Отворена канцеларија на Конзулат на Р Србија во Куманово first appeared on Општина Куманово.