Системот е-даноци работи забавено поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, да не се чека последниот рок, апелира УЈП

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Управата за јавни приход известува дека поради зголемен прилив на поднесувања на ДДВ-04 пријавите, некои даночни обврзници имаат потешкотии при поднесувањето на пријавите.



Тимови од УЈП, како што соопштуваат, активно го следат функционирањето на системот.

„УЈП постојано апелира до даночните обврзници и сметководителите да не го чекаат последниот момент за поднесување и кооперативно да придонесат за навремено, целосно и точно исполнување на даночните обврски со цел да се спречат вакви ситуации кога има масовно поднесување во последните денови пред истекот на законскиот рок и е потребно повеќе време за обработка во системот на УЈП“, велат од управата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK