На 30 октомври 2024 година (среда), Советот на Општина Гевгелија ќе ја одржи својата 49. седница, на којашто ќе расправа по повеќе предлог-одлуки и решенија, согласно неговата Програма за работа во 2024 година. На оваа седница, предвидено е разрешување и именување член на Советот на Општина Гевгелија, усвојување на Елаборатот за процена на штети од природна непогода – невреме проследено со дожд и град што ги зафати населените места Гевгелија, Милетково, Миравци, Габрово и Петрово на ден 02.07.2024 година, носење Одлука за доделување 5 стипендии за студенти во прва година, запишани на Медицинските факултети во државата, во академската 2024-2025 година- отсек Општа медицина и усвојување на предлозите за доделување Општинска награда „7 Ноември“. Седницата ќе се одржи во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 10:30 часот. За работа на седницата, е предвиден следниот дневен ред:
1. Предлог-Решение за констатирање престанок на мандат на член на Советот на Општина Гевгелија,
2. Предлог-Решение за верификација на мандат на член на Советот на Општина Гевгелија,
3. Предлог-Заклучок за усвојување на Елаборатот за процена на штета од природна непогода – невреме проследено со дожд и град што ги зафати населените места Гевгелија, Милетково, Миравци, Габрово и Петрово на ден 02.07.2024 година,
4. Предлог-Одлука за давање на трајно користење на објект во сопственост на Општина Гевгелија – Ново градско пазариште на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија,
5. Предлог-Одлука за доделување 5 (пет) стипендии на студенти од општина Гевгелија, запишани на Медицинските факултети – отсек Општа медицина на РСМ за академска 2024/2025 година,
6. Предлог-Решение за доделување Општинска награда „7-ми Ноември“ (1),
7. Предлог-Решение за доделување Општинска награда „7-ми Ноември“ (2),
8. Предлог-Решение за доделување Општинска награда „7-ми Ноември“ (3),
9. Предлог-Решение за доделување Општинска награда „7-ми Ноември“ (4),
10. Предлог-Решение за доделување Општинска награда „7-ми Ноември“ (5),
11. Предлог-Решение за доделување Општинска награда „7-ми Ноември“ (6),
12. Предлог-Решение за доделување Општинска награда „7-ми Ноември“ (7),
13. Предлог-Одлука за донесување на Урбанистички Проект со план за парцелација за ГП 42, 43, 44, 45 и 46 (како дел од ДУП за стопанска зона ,,Блокотехна,, – Негорци) во две градежни парцели (ГП 1 и ГП 2), КО Негорци, општина Гевгелија,
14. Предлог-Одлука за донесување на Урбанистички Проект со план за парцелација за промена на граници на Г.П. бр.1.88, Г.П. бр.1.89 и Г.П. бр.1.90 од УП за село Богородица, општина Гевгелија,
15. Предлог-Одлука за донесување на Урбанистички проект со план за парцелација за ГП 10.5.16 од Измена и Дополнување на Детален Урбанистички План за дел од Блок 10.5 – Гевгелија (плански период 2019-2024) – КО Гевгелија, општина Гевгелија,
16. Предлог-Одлука за донесување на Урбанистички Проект со план за парцелација за поделба на Г.П. бр.24 од ДУП за стопанска зона „Блокотехна “ – Негорци,
17. Предлог-Одлука за прифаќање на Иницијатива за изработка на Урбанистички Проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објекти со намена А1.5 – Станбени куќи во состав на селско стопански двор на дел од КП 221 КО Мрзенци – општина Гевгелија,
18. Предлог-Одлука за опредепување на широчина на крајбрежен појас на водотеци кои поминуваат низ населено место Миравци, Општина Гевгелија,
19. Предлог-Одлука за разрешување на член на Управниот одбор на ЈОУДГ „Детска радост” – Гевгелија од редот на работниците кои вршат стручни работи,
20. Предлог-Одлука за именување член на Управниот одбор на ЈОУДГ „Детска радост“ – Гевгелија од редот на работниците кои вршат стручни работи,
21. Предлог-Решение за давање согласност на Одлуката за распоредување на нето-добивката од 2023 година на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија,
22. Информација за заштитата на животната средина на територијата на општина Гевгелија,
23. Информација за состојбата со дивите депонии на територијата на општина Гевгелија,
24. Информација за состојбата со каналот за одведување на урбаните отпадни води во населеното место Негорци.