„Елиминиравме 41 терорист“: Турција изврши тешки бомбардирања во Сирија и Ирак

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Турското Министерство за одбрана одржа неделна прес-конференција, а портпаролот на Министерството за одбрана, адмирал Зеки Актурк, го осуди терористичкиот напад врз фабриката ТУСАШ во областа Кахраманказан во Анкара. Тој изрази сочувство до семејствата на загинатите и на повредените им посака брзо закрепнување.



„Нашата борба против сите закани за нашата безбедност и опстанок ќе продолжи одлучно“. Терористите ќе ја платат цената за таргетирање на нашиот народ“, изјави Актурк.

Актурк истакна дека турските вооружени сили ги спроведуваат операциите брзо и непредвидливо, според барањата на теренот.

„Во последната недела неутрализирани се 41 терорист, од кои 14 во операциите спроведени на 18, 19, 20 и 21 октомври во регионите Хакурк и Гара. Од 1 јануари до денес неутрализирани се вкупно 2.235 терористи (1.171 во Ирак и 1.064 во Сирија).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK