Вчера во 22.20 часот во село Габревци, општина Конче, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода 32-годишниот И.А. од село Габревци. Тој се сомничи дека истиот ден извршил тешка кражба во помошен објект во село Скоруша, општина Конче, сопственост на 50-годишниот М.А. од село Лубница, извести МВР.
Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а И.А. бил задржан во Полициска станица Радовиш и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш.
По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.