Таравари ја прими вакцината против грип и повика граѓаните да се заштитат: Спречува компликации посебно кај повозрасните што имаат и други болести

Screenshot_24-10-2024_101337_www.facebook.com_.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за здравство, Арбен Таравари, и директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, утрово се вакциинираа против грип и повикаа тоа да го направат здравствените работници и граѓаните кои спаѓаат во групата ранливи категории, односно лицата кои имаат други болести и повозрасните. Досега вакцина против грип примиле 10.000 граѓани.


„Има посебна веб-страница на која може да се јават сите граѓани, вакцинација.мк. Досега се пријавени 52.000 граѓани кои треба да примат вакцина на 36 пунктови кои се отворени низ државата. Ја користам приликата да ги повикам сите граѓани, посебно тие што се ранливи категории да ја примат оваа вакцина бидејќи оневозможува да се појават компликации, посебно кај повозрасни луѓе кои имаат и други коморбидитети“, рече утрово министерот Таравари.

За заштита од сезонскиот грип Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје набавија вкупно 70.000 вакцини. Од денес на терен излегуваат мобилни екипи за вакцинирање на здравствените работници.

„На инсистирање на министерот за поголема ефикасност, во договор со него Институтот за јавно здравје формираше мобилни екипи кои од денес ќе почнат да одат на терен во здравствените установи од три причини. Прво, да им олесниме здравствените работници, второ, да ја зголемиме бројката на вакцинирани и нашата трета цел е да бидеме поефикасни, да завршиме побрзо за да може Институтот да продолжи и понатака со вакцинација на останатите граѓани, да го искористиме и овој пункт“, рече директорката Андоновска.

Вакцинацијата против сезонски грип почна минатата недела.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK