Продавачката мислела дека познатата актерка е крадец: jа пребарала нејзината чанта на излегување

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Британската актерка Ема Томпсон (65) доживеала непријатност кога излегувала од британска продавница за луксузна стока. Имено, папараците го снимиле моментот кога продавачот ја запрел на излезот и ја замолил да ја прегледа чантата што ја имала со себе.



Познатата актерка беше облечена во лежерна облека која вклучуваше темни панталони, темен џемпер и сива капа на главата, а околу половината врза јакна. На грбот имаше голем црн ранец.

Судејќи според фотографиите, Ема се засрамила, но сепак ја отворила и и ја покажала внатрешноста на чантата. На крајот учтиво ја поздрави продавачката и продолжи по патот. „Сан“ напиша дека продавачката не ја препознала и дека дури во еден момент ја следела низ продавницата, сомневајќи се дека сака да украде нешто.

Ема е англиска актерка, комичарка и сценарист, добитничка на два Оскари и Еми, Златен глобус и БАФТА.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK