Орбан: ЕУ сака да ме собори и да устоличи марионетска влада

677z381_677z381_677z381_677z381_677z381_677z381_orban-prag-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја обвини Европската комисија дека се обидува да ја собори неговата влада и да воспостави „марионетска влада“.


Орбан, кој се соочува со најсериозната закана за неговото 14-годишно владеење откако опозициската партија со нов лидер скокна на изборните анкети, рече дека неговата суверена политика поврзана со Украина и мигрантите е неприфатлива за Брисел.

„Знаеме дека сакаат да не турнат во војната во Украина, сакаат да ни наметнат мигрантски квоти и да ги предадат нашите деца на родови активисти“, рече Орбан.

„Знаеме дека тие имаат и марионетска влада на ум, партија која сакаат да ни ја наметнат“, додава Орбан, алудирајќи на партијата Тиса на опозицискиот лидер Питер Маџар. Орбан го обвинува дека „ги повикува странците да му помогнат против Унгарците“.

 

 

Следните избори во Унгарија ќе се одржат на почетокот на 2026 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK