Славните ривалства се вообичаен феномен, но помалку е познато дека познатата манекенка Наоми Кембел и Викторија Бекам не можат да се поднесат.
Кога Викторија одржала модна ревија во 2013 година, Наоми јавно ја прозва бидејќи на ревијата се појавила само една манекенка со темна кожа, а потоа, освен Викторија, прозвала и други брендови, како Александар МекКвин и Мулбери.
@hmblvd #naomicampbell #90sfashion #victoriabeckham #celebritygossip #feud #adrianalima #fashion #90sfashion #funny #iconi #iconicmoments #britishhumour #supermodel #tyrabanks #celebrityinterview ♬ original sound – hmblvd
Сепак, ниту Викторија немаше убави зборови за манекенката, а сега низ социјалните мрежи се прошири видео од 90-тите кога пејачката беше на врвот на славата со групата „Спајс Грлс“. Во видеото Викторија вели дека Наоми е „тотална кучка“ и изјавува: „Јас сум единствената што го признава тоа, таа е безобразна крава“.
Инаку, се зборува дека не можат да се поднесат поради инцидент кој се случил по модна ревија во Милано, кога се запознале. Наводно Наоми ја прашала Викторија: „За што навистина те нарекуваат Пош?“, мислејќи на нејзиниот прекар во групата, што значи Викторија наводно и одговорила: „А зошто за тебе велат дека си убава?“ И така започнала меѓусебната омраза.