Застрелан маж во Арачиново – му рекле да излезе пред куќата, па му пукале во нога

pukanje-arachinovo.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Арачиновец бил повикан да излезе пред неговата куќа, а потоа бил застрелан. Четириесет и двегодишниот маж синоќа бил донесен на Комплексот клиники со повреди од оружје во предлот на десната нога.


Од МВР за случајот велат дека излегле на местото на настанот пришто нашле две чаури од огнено оружје.

Засега нема информации дали е фатено лицето коешто пукало, како и за можните мотиви за пукањето.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK