(Видео) Дуа Липа критикувана за изведбата на хитот на Шер, Believe: „Треба да паузира“

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дуа Липа и Шер ја отворија овогодинешната церемонија во Куќата на славните на рокенролот со нивната изведба на хитот Believe од 1998 година. Сепак, фановите не беа воодушевени од настапот на Липа.



Таа на сцената се појави сама, облечена во црн фустан со исечоци, а подоцна и се придружи Шер. Таа носеше впечатлив кожен фустан, кој го комбинираше со високи чизми.

Пејачите се држеа за раце и го отпеаа хитот Believe, а еден корисник на X го објави нивниот настап. „Шер се појави и им покажа на сите како Дуа Липа се бори за живот“, напиша тој во описот на објавата. Многумина се согласија со него и рекоа дека таа се мачи со тонот на песната, кој не и одговараше на гласот.

„Ужасно. Што се случи со неа?“ прашаа на социјалните мрежи, а следеа низа коментари за нејзиниот вокален настап. „Шер е единствениот спас на овој настап„.

„Дуа Липа треба да се одмори и уште малку да го тренира вокалот“, „Дуа Липа нема глас да ги пее песните на Шер, која звучи фантастично“, беа само дел од коментарите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK