(Видео) Јутјубер ја изградил најмалата куќа на светот, потрошил 4600 евра

Screenshot-2024-10-22-091004.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сакајќи да влезе во Гинисовата книга на рекорди како градител на најмалиот мобилен дом, 27-годишниот јутјубер Леви Кели од Западна Вирџинија, Америка, изградил мал дом, кој е нешто помалку од два квадратни метри и ги има сите функции на типична куќа.


На мал, тесен простор повеќето работи се подвижни и преклопливи, а внатре во куќата успеал да постави клупа за седење и кревет за спиење, кујна со проточна вода, мијалник и шпорет, како и мал фрижидер. Поставил и клима уред со функции за ладење и греење, како и пренослив тоалет и надворешен туш.

Тој дури поставил четири прозорци, па куќата е добро осветлена. Надворешноста на куќата е направена од кедар, а внатрешноста од неколку различни видови дрво.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK