Бајден загрижен поради објавувањето на тајните документи за нападот врз Иран

bajden34.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Портпаролот на Белата куќа Џон Кирби денеска изјави дека американскиот претседател Џозеф Бајден е длабоко загрижен поради објавувањето на тајните документи за израелските подготовки за потенцијален одмазднички напад врз Иран.


Американски официјални лица во саботата потврдија дека администрацијата го истражува неовластено објавување на доверливи документи со кои се оценуваат плановите на Израел за напад на Иран.

Портпаролот Кирби денеска изјави дека администрацијата сè уште не е сигурна дали информациите што беа објавени во јавноста се протечени или хакирани.

Кирби додаде дека претставниците на администрацијата „во овој момент немаат индикации дека се очекува други такви документи да стигнат до јавноста“, објави Асошиејтед прес.

Портпаролот на Белата куќа, исто така, рече дека американските власти разговарале со нивните израелски колеги за случајот.

Документите се припишуваат на американската Национална агенција за геопросторно разузнавање и на Агенцијата за национална безбедност.

Тие се напишани во стил сличен на документите кои претходно протекоа во јавноста од Пентагон, пренесува медиумот.

Првиот документ е насловен „Израел: Воздухопловните сили продолжуваат со подготовките за напад на Иран и спроведување на втора вежба за распоредување на големи сили“.

Вториот е „Израел: одбранбените сили продолжуваат со подготовката на клучната муниција и тајната активност на BPL (UAV). Речиси сигурно ќе го нападнат Иран“.

Двете биле датирани на 16 октомври и објавени еден ден подоцна, пренесува британски Гардијан.

Иран го нападна Израел на 1 октомври со околу 200 балистички ракети.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK