Уапсен е поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета

ilir-meta.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешниот претседател на Албанија и лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, е уапсен во Тирана по налог на Специјалното обвинителство за корупција и организиран криминална таа земја (СПАК).


Уапсен е на влезот во Тирана додека возел до местото каде требало да одржи прес-конференција, јавува „Еуроњуз Албанија“.

Апсењето е поврзано со истрагите што СПАК веќе извесно време ги води за случајот ЧЕЗ ДИА, а за него и неговата поранешна сопруга Моника Кријемади е спроведена имотна истрага.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK