Ријана купува фудбалски клуб во Англија

rihanna-fenty-puma-creeper-launch-041824-8e90cf8c2fd44b7d8aff43249a13528f.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалскиот клуб Транмере, кој моментално игра во четвртиот ранг на англискиот фудбал, наскоро би можел да добие нов сопственик. Мега ѕвездата Ријана сака да го купи клубот заедно со нејзиното момче Раким Мајерс, попознат како „Асап Роки“.


Тие веќе испратиле понуда, во висина од 15 милиони фунти. Нивниот адвокат, кој исто така учествува во овој бизнис, во изјава за англиските медиуми ја потврди вистинитоста на овие наводи.

„Преговорите се започнати и блиску сме до остварување на целта. Договорот треба да биде склучен наскоро, а Ријана ќе ја гледаме на натпреварите во популарната Лига 2“, изјави Такопино.

Наводно, пејачката по одреден период сака да го воведе Транмер во елитното ниво на англискиот фудбал, а се споменува дури и освојување на титулата англиски првак.

Засега оваа приказна изгледа како научна фантастика.

Актуелниот сопственик на Транмере, Марк Палиос изјави дека нема ништо против да го продаде клубот. Доколку гореспоменатите пари би влегле во клубот, Транмере дефинитивно би бил меѓу финансиски најдобрите тимови во овој степен на англискиот фудбал.

Во моментов Транмере е на 16. позиција, со само 14 бодови. Навивачите на овој клуб преку социјалните мрежи испраќаат пораки за поддршка на евентуалниот нов сопственик, со надеж дека нивните миленици конечно ќе се преселат во повисоки рангови.

Во текот на својата историја, Транмере претежно играше во третата или четвртата лига на англискиот фудбал, тие беа дури и во петтата лига. Најголемиот успех тимот го постигна во 2000 година, кога стигна до финалето на Лига купот, каде беше поразен од Лестер со 2:1.

Клубот ги игра натпреварите на „Прентон Парк“ со капацитет од 16.567 седишта. Транмере е еден од најстарите клубови во Англија, основан е во 1884 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK