Трамп: Му се заканив на Путин со напад на Москва ако ја нападне Украина

tramp.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кремљ соопшти дека нема да биде вовлечен во откривање на разговори на високо ниво, откако Wall Street Journal (WSJ) го цитираше републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп дека му се заканил на претседателот Владимир Путин дека ќе ја нападне Москва во случај на инвазија на Украина.


Во интервју за WSJ, Трамп рече дека го предупредил Путин дека ако оди во Украина, ќе го нападне.

„Владимир, ако одиш во Украина, ќе те удрам толку силно што не можеш ни да замислиш. Ќе удрам во самиот центар на ѓаволската Москва“, му го раскажал Трамп разговорот со Путин на новинарот на весникот.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Русија ќе заземе разумна позиција и нема да ја открие содржината на разговорите на високо ниво. „За жал, голем број светски државници не се придржуваат до овој став и не се грижат за протокот на информациите. Тоа е оставено на нивната душа“, рече Песков.

Тој исто така додаде дека „во САД, во екот на претседателската кампања, може да се слушнат многу вжештени и многу емотивни изјави, особено во последната фаза од кампањата“ за новиот станар на Белата куќа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK