Остин: САД го распоредија напредниот противракетен систем THAAD во Израел

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американската војска го распореди напредниот противракетен систем THAAD во Израел за краток временски период, изјави денеска американскиот секретар за одбрана Лојд Остин и додаде дека целта на овој потег е да се зајакне одбраната на Израел откако Иран истрела повеќе од 180 балистички ракети врз земјата.



Остин, исто така, објасни дека околу 100 припадници на американската војска се распоредени да го поддржат Израел во услови на зголемени тензии на Блискиот Исток, пренесува Ројтерс.

„Системот THAAD е распореден. Имаме можност брзо да го ставиме во функција и засега напредуваме според очекувањата“, изјави Остин пред новинарите пред неговото денешно пристигнување во Украина, но одби да каже дали системот е оперативен.

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека целта на распоредувањето на системот THAAD, заедно со околу 100 американски војници, е да се поддржи одбраната на Израел.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK