Најдобриот женски ракометен тим во последните три години прогласи банкрот

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Европската ракометна федерација (ЕХФ) соопшти дека Управниот одбор на женскиот ракометен клуб Вајперс Кристијанштад прогласил банкрот, а ракометарките и вработените во норвешкиот тим можат слободно да си бараат нови работни места.



ЕХФ во соопштението наведе дека е во контакт со челниците на Вајперс од минатата недела во врска со финансиската состојба во норвешкиот клуб.

„ЕХФ со жалење ја прифаќа одлуката на клубот да прогласи банкрот. Се надеваме дека во тој процес Вајперс ќе го најде најдоброто можно решение за иднината на ракометарите и вработените во клубот“, се вели во соопштението на ЕХФ.

Медиумите во Норвешка јавуваат дека резултатите на Вајперс во сите натпреварувања најверојатно ќе бидат поништени.

„Направивме се што можевме за да го зачуваме клубот. Сепак, Управниот одбор дојде до заклучок дека нема причина клубот да продолжи со работа“, изјави претседателот на Вајперс, Питер Гитмарк.

Виперс ја освои Лигата на шампионите во 2021, 2022 и 2023 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK