Персоналот на хотелот под истрага, сокрил дрога во кутија за сапун во собата на Лиам Пејн

Screenshot-2024-10-21-072920.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вработените во хотелот во Буенос Аирес каде што Лиам Пејн почина по пад од објектот, се под истрага под сомнение дека го снабдувале пејачот со тешки дроги во деновите пред неговата смрт.


Мажите се обвинети дека шверцувале разни наркотици во апартманот на пејачот во хотелот CasaSur во луксузниот кварт Палермо, пишува Дејли Мејл.

Се верува дека собар и уште еден член на персоналот ја сокриле дрогата во кутија за сапун, која детективите ја пронашле во собата на Лиам по неговата смрт. Се верува дека раководството на CasaSur било свесно за невообичаеното однесување на двајцата вработени и дека еден од вработените бил отпуштен.

Детективите ги испрашувале и вработените за нивната можна улога во смртта на пејачот.

„Во хотелот имало двајца мажи кои му доставувале дрога на Лиам“, открил близок пријател на Лиам Пејн.

„Праќаа такси да земат пакети за него. Еден од овие луѓе работеше во одделот за чистење. По смртта на Лиам, забележале дека такси било испратено на домашната адреса на вработениот. Менаџерот на хотелот го прашал зошто таксито отишло кај него, на неговата домашна адреса, а кога не можел да даде објаснување добил отказ“, додаде тој.

„Лиам правеше се за да остане чист, но штом стигна до хотелот, овие луѓе му понудија алкохол и дрога“, истакна пријателот на Лиам.

Да потсетиме дека полицијата во Буенос Аирес објави дека хотелската соба на Пејн била „во целосен хаос“ и дека бројни предмети „се скршени и расфрлани“. Во соопштението се наведува и дека шише виски, запалка и мобилен телефон биле пронајдени и во внатрешниот двор на хотелот, каде што било пронајдено телото на пејачот.

Лиам Пејн почина откако падна од третиот кат во хотел. Имаше 31 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK