(Видео) Мајсторија на Серлот, Атлетико со пресврт го победи Леганес

12575625.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Атлетико Мадрид го совладаа Леганес со резултат 3:1 (0:1) во натпреварот од 10. коло на шпанската Ла Лига. „Јорганџиите“ остварија победа со пресврт, откако до 69.минута губеа 0:1. на својот стадион „Ванда Метрополитано“ со пресврт, во обложувачкиот речник, „од двојка до кец“.


Атлетико се наметна на теренот од самиот почетокот на натпреварот. Домашните го контролираа поседот имаа неколку добри можности, а откако не успеаја да го совладаат Дмитровиќ пубиликата на „Метрополитано“ ја шокира Камерунецот Ајван Неју во 34.минута. Камерунецот постигна прекрасен гол од околку 16 метри испрати проектил во поблискиот агол.

Ситуацијата на теренот не се смени ниту во вториот дел. Атлетико напаѓаше, Леганес се бранеше и шанса бараше преку контранапади.

Резултатото го изедначи лександер Серлот во 69.минута. Норвежанецот брилијантно реагираше по додавањето од Витсел, со петица ја сврте топката во голот. Атлетико го комплетираше пресвртот во 81.минута, кога пожртвуваноста на Симеоне јуниор и неговата асистенција во гол ја претвори Гризман.

Во 88. минута Французинот доби директен црвен картон затоа што стартуваше со две нозе врз противнички играч, но ВАР ја промени одлуката во жолт картон.

Во 96. минута Серлот имаше шанса да стави точка на мечот, но прво Дмитровиќ одбрани, а потоа топката од гол-линијата го исфрли Настасиќ.

Но, во 99. минута сепак падна третиот гол, Серлот, поентирае по додавањето од Хулијан алварез.

Атлетико останува на третото место со 20 освоени бодови, додека Леганес е на 17. позиција со осум бодови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK