Граѓаните на Молдавија денеска гласаат на претседателски избори и референдум за ЕУ што ќе го одбележи клучниот момент во конфликтот меѓу Русија и Западот околу иднината на малата, без излез на море, југоисточна европска земја со помалку од три милиони жители.
Прозападната претседателка Маја Санду се надева дека ќе ја унапреди својата агенда со освојување втор мандат и обезбедување „за“ на референдумот за да се запише членството во ЕУ како „неповратна“ цел во уставот на Молдавија.
Од распадот на Советскиот Сојуз, Молдавија гравитира меѓу прозападните и проруските курсеви, но за време на мандатот на Маја Санду, сиромашната земја ги забрза обидите да избега од орбитата на Москва, особено по почетокот на војната во Украина.
‘Police say they have uncovered evidence of Russian or Russian backed networks trying to interfere in the presidential election this weekend but also the EU referendum’@SiobhanRobbins reports from a police warehouse in Chisinau, Moldova ⬇️
Read more https://t.co/YZEYifW5AJ pic.twitter.com/kvdM22UIs8
— Sky News (@SkyNews) October 19, 2024
Санду беше избранa за претседател за прв пат во ноември 2020 година, на бранот на популарност како антикорупциски реформатор со проевропска агенда.
Анкетите покажуваат дека Санду сега може да победи во првиот круг и сугерираат до 65 отсто поддршка за пристапување во ЕУ.
Санду и нејзините сојузници предупредија дека изборните резултати би можеле да бидат под влијание на големата кампања за купување гласови и дезинформации оркестрирани од Русија.
Тие особено го обвинуваат бегалскиот проруски бизнисмен Илан Шор, гласен противник на членството во ЕУ, дека води дестабилизирачка кампања од Москва.
– Русија истура милиони валкани пари за да ги киднапира нашите демократски процеси. Ова не е само мешање, тоа е целосна инвазија со цел да се дестабилизира нашата иднина. И тоа е алармантно – изјави Олга Рошка, советник на Маја Санду за надворешна политика.
Додека руската инвазија на Украина шокираше многумина во Кишињев, на само неколку часа возење од украинскиот пристанишен град Одеса на Црното Море, сенката на Кремљ сè уште демне над Молдавија.
Москва има 1.500 војници стационирани во Приднестровје , регион управуван од проруски сепаратисти кои се отцепиле од контролата на молдавската влада во кратката војна во 1990-тите.
Војната во Украина ја втурна Молдавија во подлабока финансиска криза, бидејќи десетици илјади украински бегалци пристигнаа во Молдавија , ставајќи огромен притисок врз нејзиниот здравствен систем, јавните услуги и инфраструктурата. Инфлацијата порасна за дури 40 отсто, бидејќи трговската размена со Москва и Киев опадна.