Повеќе од 1.000 британски осуденици наскоро ќе бидат ослободени поради пренатрупаност во затворите

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Британските власти наскоро ќе ослободат предвремено 1.100 осуденици, како дел од владината програма за намалување на бројот на затворени лица поради пренатрупаност во казнените институции.



Минатиот месец беа ослободени 1.700 затвореници, од кои 37 беа ослободени по грешка и сега чекаат ново судење.

По првиот круг на ослободување, бројот на затвореници падна од рекордни 88.521 на 86.333, пишува британскиот ЛБЦ.

Оттогаш тој број повторно се зголеми, а во петокот во земјата беа затворени 87.028 лица.

Шемата за предвремено ослободување нема да важи за некои затвореници, вклучително и оние кои се осудени за сексуални злосторства, семејна злоупотреба, терористички дела или престапници кои отслужуваат повеќе од четири години.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK