Градоначалничката Данела Аросовска ја ситни последната година од мандатот, а скопјани не можат да видат ниту еден реализиран проект, освен натрупани проблеми, кажа денеска на прес-конференција, Анета Марковска Илиевска, советник на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје.
„На лавиринтите на Арсовска се заглавени пари на народот, а таа не ги користи да им го олесни живеењето на главниот град. Еден од тие проекти е и изградбата на булеварот Хасан Приштина. Станува збор за капитален проект на кој на сметка на Градот се легнати 10 милиони евра.
Булеварот Хасан Приштина или како што е oпшто познат Качанички пат, во Визбегово до скопската обиколница е од огромна важност со цел растеретување на сообраќајот во овој дел на градот“, вели Марковска Илиевска.
Според неа, булеварот требало да биде готов до февруари годинава, а тој не е ни почнат.
„Мозокот на неспособната Арсовска очигледно не работи во насока како да ги заврши проектите во корист на граѓаните. Очигледно на Арсовка и се важни само личните калкулации или според информации во јавноста парите наместо за булевар се вртеле за други намени, за истиот се правеа тендери за избор на фирми кои ќе го градат, иако има институции што се занимаваат со тоа. Додека Арсовска не ги користи парите кои ги има на сметка за да го подобри живеењето на граѓаните, Владата додели средства за 270 проекти за сите општини во Македонија во вредност од нешто повеќе од 4 милијарди денари што е само прв бран на инвестиции во општините. На неспособната Арсовска и се гледа крајот на владеење со Скопје, ама затоа стартуваше промена на секоја педа на државава во корист на народот“, кажа Марковска Илиевска на прес конференцијата.