МВР изгубило два дена од потрагата по Вања на проверка на момче од Шведска со кое контактирала на интернет, трагата не водела никаде

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Началникот на единицата за насилен криминал, Дејан Димовски, во денешното продолжение на судењето за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорческа и Панче Жежовски откри дека МВР два дена следело трага која не ги одвела никаде.



Следејќи ги информациите дадени од родителите, откриле дека момче од Шведска, со кое Вања контактирала на интернет, а Димовски ги нарече нејзин виртуелен дечко, откриле дека тој има знамиња поврзани со ИСИС на профилот, што ги вознемирило па во истрагата вклучиле повеќемина колеги од земјава и од Шведска.

„Сите проверки беа негативни. Оваа трага не водеше никаде. Изгубивме два дена работејќи на оваа теорија“, рече началникот Димовски.

Проверките на момчето биле обемни. Истражителите ги проверувале границите, биле одземани компјутери и телефони пред да утврдат дека нема поврзаност со убиството.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK